• среда, 25 декември 2024

Грвала: Нацртот на ЕУ за ЗСО без де факто признавање на Косово од Србија е тројански коњ како Република Српска во БиХ

Грвала: Нацртот на ЕУ за ЗСО без де факто признавање на Косово од Србија е тројански коњ како Република Српска во БиХ

Приштина, 14 мај 2024 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала-Шварц, изјави дека вадењето на нацртот на Европската унија за Заедницата на општините со српско мнозинство во Косово од пакетот договори со Србија е многу опасно и дека нацртот има смисла само ако Србија де факто го признае Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Грвала во денешното интервју за Сири ТВ рече дека премиерот Албин Курти на средба со лидерите на Германија, Франција и Италија, Олаф Шолц, Емануел Макрон и Џорџија Мелони, понудил да се потпишат трите договори во пакет заедно со Србија, вклучувајќи го и нацртот за Заедницата.

Шефицата на косовската дипломатија нагласи дека Косово стои на дадениот збор и е подготвено да го спроведе целиот пакет договор, доколку Србија ги преземе своите обврски.

„Доколку Србија може да го прифати пакетот како целина, можеме и ние да го одржиме нашето ветување. Во спротивно, извлекувањето на тој нацрт од тој пакет е премногу ризично. Нацртот што ни го претставија нашите партнери има смисла само доколку Србија де факто го признае Косово, во спротивно тоа е тројански коњ исто како Република Српска во Босна и Херцеговина. Затоа секогаш стоиме на зборот што го дадовме, подготвени сме да го спроведеме целиот пакет доколку и Србија ги преземе своите обврски. Толку за таа работа со Заедницата“, рече Гервала.иа/сд/

Остани поврзан