• среда, 25 декември 2024

Грвала: Меѓународната заедница да признае дека нејзината „мека политика“ кон Србија е неуспешна

Грвала: Меѓународната заедница да признае дека нејзината „мека политика“ кон Србија е неуспешна

Приштина, 15 декември 2023 (МИА) – Косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала вели дека меѓународната заедница мора да прифати дека нејзината „политика на меко однесување кон Србија“е неуспешна, јави дописникот на МИА  од Приштина.

Напоменувајќи дека Србија отворено одбива да ги спроведе одредбите од бриселскиот и охридскиот договор, кои косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ ги постигнаа на почетокот на годинава, Грвала во објава на платформата „Х“ порача дека политиката на Западот кон Србија има потреба од „суштинска промена“.

„Србија буквално го изразува своето одбивање да ги спроведе одредбите од бриселскиот и охридскиот договор. Ја повикувам меѓународната заедница да прифати дека политиката на меко однесување кон Србија не успеа. Сега е потребна суштинска промена,“ напиша Грвала. иа/сд/

Остани поврзан