• четврток, 26 декември 2024

Грвала бара што поскоро зачленување на Косово во Советот на Европа

Грвала бара што поскоро зачленување на Косово во Советот на Европа

Приштина, 6 декември 2023 (МИА) – Косовската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Доника Грвала-Шварц, повика Косово што поскоро да се приклучи на Советот на Европа, јави дописникот на МИА од Приштина.

По вчерашната средба со делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која престојува во Приштина, Грвала порача дека членството на Косово во СЕ ќе биде од корист за сите граѓани во државата.

„Продуктивна средба со делегацијата на ПС на СЕ. Разговаравме за напредокот на Косово во демократијата, владеењето на правото и човековите права. Ја спомнав потребата од брзо членство во Советот на Европа, нагласувајќи ги директните придобивки за сите граѓани“, напиша Грвала на платформата „Х“. иа/сд/

Остани поврзан