Граѓани и ученици од Нови Сад на јавен час пред гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ бараат оставка на директорот
- Околу 2.000 граѓани и ученици денеска се собраа пред гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ во Нови Сад за да побараат оставка од директорот Радослав Стојковиќ поради „притисоци врз учениците и наставниците“ кои учествуваа во петокот на комеморативиот собир „Застани Србија 15 минути“, меѓу кои беше и синот (16) на премиерот Милош Вучевиќ, кој ги обвини за политизација на децата и дека наставниците со сила ги истерале учениците на улица да протестираат, јави диписникот на МИА од Белград.
Белград, 2 декември 2024 (МИА) - Околу 2.000 граѓани и ученици денеска се собраа пред гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ во Нови Сад за да побараат оставка од директорот Радослав Стојковиќ поради „притисоци врз учениците и наставниците“ кои учествуваа во петокот на комеморативиот собир „Застани Србија 15 минути“, меѓу кои беше и синот (16) на премиерот Милош Вучевиќ, кој ги обвини за политизација на децата и дека наставниците со сила ги истерале учениците на улица да протестираат, јави диписникот на МИА од Белград.
На денешниот протест беше кажано дека нападите врз професорите „не само што се неосновани и неправедни, туку и опасни бидејќи дополнително го нарушуваат угледот на веќе пропаднатото образование“.
- Сметаме дека е срамно директорот и Училишниот одбор да подлегнуваат на политички притисок и да продолжат да вршат притисок врз нивните професори, предупреди Вукашин Ѓиновиќ, еден од поранешните ученици на гимназијата.
Граѓаните скандираа „Оставка на директорот“, а на училишната ограда закачија пораки „Оставка директоре, ќе го вратиме достоинството на гимназијата на Јован Змај!“
- Професорите, никого не принудија на таканаречените политички протести, тие само ги поддржаа учениците кои доброволно решија да им оддадат почит и да ја изразат својата тага за огромната трагедија што не снајде сите нас, рече Ѓиновиќ.
Гимназијата „Јован Јовановиќ Змај“ во саботата, по вонредните седници на Наставничкиот совет и Училишниот одбор, ја осуди „политизацијата на учениците и самата гимназија“, оценувајќи дека наставниот кадар наводно „ја искористил трагедијата за незаконско и неморално политичко дејствување“.
Против наставниците кои учествуваа со учениците во акцијата „Застани Србија“ се вршат дисциплински постапки, а гимназијата испрати извинување до премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, чија изјава го предизвика овој случај, кој и денесла реагираше по повод собирот пред гимназијата изјавувајќи дека „кардинална грешка е да се носат деца на политички собири, бидејќи тоа придонесува за поделби меѓу нив“.
-Тие одржуваат митинг пред училиштето, додека 16-годишните момчиња се на настава. Па, немате срам. Ги делите учениците кој е за кого. Ги поделивте децата. Тоа никогаш се нема случено, изјави Вучевиќ.
Тој повтори дека децата биле „однесени на настан кој има политички барања, за смена на претседателот на државата, Владата на Србија и градоначалникот на Нови Сад“.
Вучевиќ оцени дека „никогаш во историјата се нема случено“ некој да молчи 15 минути. об/паг/