• среда, 18 декември 2024

Граѓаните ја сметаат понудата на СДСМ како најдобра, покажува анкетата на Стратум Р&Д

Граѓаните ја сметаат понудата на СДСМ како најдобра, покажува анкетата на Стратум Р&Д
Скопје, 2 октомври 2021 (МИА) - Преку 27 отсто од граѓаните сметаат дека понудата на СДСМ на престојните локални избори е најдобра, а 24,7 отсто на ВМРО-ДПМНЕ,  покажува последната анкета на агенцијата Стратум Р&Д објавена на „Макфакс“. На прашањето за која советничка листа би гласање граѓаните доколку утре се одржуваат локалните избори, за листите на СДСМ би гласале 24,9 отсто од граѓаните, а 22,8 отсто за листите на ВМРО-ДПМНЕ. По СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, следи Независна листа со 12,9 отсто, а нема да излезат на гласање 12 отсто од граѓаните. За ДУИ се определиле 10 отсто, за Алијанса на Албанците 9,3 отсто и други 1,7 отсто. На прашањето која политичка партија на овие избори нуди најдобра понуда, за СДСМ се определиле 27,1 отсто, за ВМРО-ДПМНЕ 24,7 отсто, за Независна листа 13,4 отсто, за ДУИ 11 отсто, за Алијанса на Албанците 10 отсто, за Левица 6,5 отсто, Други 4,7 отсто, за ДОМ 2,6 отсто. И според податоците од последната анкета на „Брима“ повеќе гласови има СДСМ и претседателот на партијата Зоран Заев.бт/дма/

Остани поврзан