• среда, 18 декември 2024

Граѓаните по седми пат избираат претседател, а по 11-ти пат пратеници

Граѓаните по седми пат избираат претседател, а по 11-ти пат пратеници

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Денешните двојни избори се 24-то изјаснување на граѓаните од осамостојувањето на државата. Ова се 11 парламентарни избори кои се спроведуваат истовремено со вториот круг од седмите претседателски избори.

Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите во 2008, седмите во 2011, осмите во 2014, деветтите во 2016 година, а десеттите во 2020 година.

Покрај парламентарните, беа спроведени и шест претседателски избори – во 1994, 1999, 2004, 2009, 2014 и во 2019 година, како и седум локални – во 1990, 1996, 2000, 2005, 2009, 2013 и 2017 година. Граѓаните трипати излегуваа и на референдум, во 1991 година кога се одлучија за самостојна и независна држава, во 2004 година кога се изјаснуваа за новопредложената територијална поделба и во 2018 кога се изјаснуваа за договорот меѓу Македонија и Грција.

Тврдам дека нема да има предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. 

Првите повеќепартиски парламентарни избори во Македонија беа одржани во ноември 1990 година.

Изборите беа спроведени според мнозинскиот изборен модел. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември, а вториот на 25 ноември. Гласачкиот одѕив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.

Најмногу пратенички места во собранискиот состав од 1990 до 1994 година имаа ВМРО-ДПМНЕ – 38, СКМ-ПДП (денешен СДСМ) – 31 и Партијата за демократски просперитет – 17.

Во Парламентот партиципираа и пратеници од Сојузот на реформски сили на Македонија, од СПМ, од Партијата на Југословените во Македонија, Младата демократско-прогресивна партија, од НДП, од ВМРО-Демократска партија, од Партијата за целосна еманципација на Ромите и тројца независни пратеници. Претседател на Собранието во тој период беше Стојан Андов. Собранието со мнозинство гласови го избра Киро Глигоров за претседател на државата. На 20 март 1991 година беше избрана првата експертска влада на независна Република Македонија што ја предводеше Никола Кљусев. Во септември 1992 година по изгласаната недоверба во Собранието, владата на Кљусев поднесе оставка, а нов владин кабинет формира Бранко Црвенковски од СДСМ.

Вторите парламентарни избори се одржаа во октомври 1994 година. Беа спроведени според мнозински изборен модел на 16 и 30 октомври, истовремено со првите непосредни претседателски избори.

На изборите учествуваа 38 политички партии и 283 независни кандидати. Одѕивот во првиот круг беше 77,3 отсто, а во вториот 57,8 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија што тогаш ја предводеше Петар Гошев го бојкотираа вториот круг на изборите со тврдења дека имало сериозни нарушувања во изборниот процес.

На 19 ноември 1994 година беше инаугуриран новиот состав на Собранието. Најмногу пратенички места во парламентарниот состав 1994-1998 имаше СДСМ – 62 , ЛДП – 27, Партија за демократски просперитет 11, Партија за демократски просперитет на Албанците – 4 , Народна демократска партија – 2, Демократска партија на Турците во Македонија Партија за демократска акција – Исламски пат – 1, Демократски сојуз на Албанците – Либерална партија -1, Демократска партија на Македонија – 1, Социјалдемократска партија на Македонија – 1, Партија за целосна еманципација на Ромите – 1, Социјалистичка партија на Македонија – 6, а 4 пратеници беа независни. За претседател на Собранието повторно беше избран Стојан Андов, кој остана на таа функција до март 1996. Откако Андов си даде оставка, на таа позиција дојде Тито Петковски.

Јавно обраќање на поранешниот Претседател на РМ и основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ Бранкo Црвенковски до раководството и членовите на СДСМ

При ваква констелација на силите, политичките партии што беа на власт до изборите во 1994, повторно формираа коалициска влада на чело со Бранко Црвенковски од СДСМ.

Третите парламентарни избори беа одржани во октомври и ноември 1998 година. Се гласаше во два круга според комбиниран мнозински и пропорционален принцип – 85 пратеници беа избрани по мнозински, а 35 според пропорционален модел. На гласање излегоа 72,9 отсто од запишаните избирачи.

Победи коалицијата „За промени” што ја сочинуваа ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива. Во Собранието најмногу пратеници имаше ВМРО – ДПМНЕ – 49, СДСМ – 27, ПДП – 14, ДА – 13, ДПА-НДП – 11, ЛДП-ДПМ – 4, СПМ – 1 и Сојузот на Ромите на Македонија – 1.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Георгиевски смета дека доколку сите субјекти во земјава, без ралика на политичка, идеолошка или етничка припадност, во периодот на распад

Владата ја формираа ВМРО-ДПМНЕ, ДА и ДПА, а ја предводеше Љубчо Георгиевски. За претседател на Собранието беше избран Саво Климовски. Во ноември 2000, откако ДА си замина од владата, за претседател на Парламентот по трет пат беше избран Стојан Андов. Во мај 2001 година, кога почна воениот конфликт, беше формирана влада на широка коалиција во која влезе СДСМ, а ја напушти во ноември 2001 година.

Четвртите парламентарни избори се одржаа на 15 септември 2002 година според пропорционален изборен модел во шест изборни единици. Одѕивот на гласачите беше 73,4 отсто.

Учествуваа 33 партии и коалиции, како и пет независни листи кандидати.

Победи коалицијата „За Македонија заедно”, која имаше најмногу пратенички места во Собранието – 60. Коалицијата ВМРО- ДПМНЕ – ЛП имаше 33, ДУИ – 16 , ДПА – 7, ПДП – 2, НДП – 1 и СПМ – 1 пратеник.

Претседател на Собранието беше Никола Поповски до ноември 2003, кога по неговото заминување на министерска функција беше заменет од Љупчо Јордановски. Коалицијата „За Македонија заедно” формира влада предводена од Бранко Црвенковски. Во јули 2003 беше извршена реконструкција на владата. По изборот на Црвенковски за претседател на државата, премиер стана Хари Костов, кој остана на чело на владата до ноември 2004 година, кога поднесе оставка. Беше формиран нов владин состав, предводен од Владо Бучковски.

Да се искористи олабавувањето на коронавирусот и стабилизацијата на пандемијата и да се оди на избори во средината на јуни е ставот на претседателите на партиите од коалицијата „Можеме“ предв

Петтите парламентарните избори се одржаа на 5 јули 2006 година, според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. Гласачкиот одѕив беше 56,5 отсто, најнизок на досега одржаните парламентарни избори.

За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи – на партиски коалиции, на самостојни политички партии и на граѓани.

Победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која подоцна и формира влада. Коалицијата „За подобра Македонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 44 пратенички мандати, коалицијата „За Македонија заедно", предводена од СДСМ – 32, коалицијата ДУИ-ПДП – 18, ДПА – 11, Нова социјалдемократска партија – 7, ВМРО Народна партија – 6, Демократска обнова на Македонија – 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.

По изборите, мандатот за формирање нов владин кабинет му беше даден на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за претседател на владата. Во нејзиниот состав влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.

Пратеничкиот состав во Собранието избран во 2006 година функционираше до 12 април 2008 кога парламентраците донесоа одлука да се самораспуштат и да бидат распишани превремени парламентрани избори на 1 јуни.

Шестите избори за пратеници во законодавниот дом се одржаа на 1 јуни 2008 и беа први предвремени од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Изборите беа спроведени според пропорционалниот модел во шест изборни едниници. Право на глас имаа 1.779.116 избирачи кои на 2976 гласачки места се изјаснуваа за 18 листи со 1.540 кандидати за 120 пратенички места во македонското Собрание.

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржаa на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дојде веднаш по самитот на НАТО кој се одржа во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори беше поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, а од друга страна опозициските СДСМ и ЛДП гласаа против. Распишувањето на изборите беше овозможено по распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2008 освои 63 пратенички места, коалицијата „Сонце" предводена од СДСМ 27, ДУИ-18, ДПА-11 и ПЕИ -1.

Изборите ги следеа 464 странски и 5.811 домашни набљудувачи, а за нив покрај македонските известуваа и шеесетина акредитирани странски новинари.

По изборите, мандатот за формирање Влада повторно го доби претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Поранешниот премиер во бегство Никола Груевски, поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков и уште пет лица од Западен Балкан се најдоа на „црната листа“ на САД. Министерството за финансии на

Седмите парламентарни избори, кои беа и втори предвремени, се одржаа на 5 јуни 2011 година. Во Собранието на Република Македонија беа избраа 123 пратеници според порционалниот модел. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираа по 20 пратеници, а тројца пратеници по прв пат се избираа од дијаспората – по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО – ДПМНЕ, која по изборите формира нова коалициска влада.

На изборите беа поднесени и прифатени 18 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваат 53 партии. Од нив, 16 настапуваа самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори освои 53 пратеници, а исто така ги освои и трите пратенички места од дијаспората.

Oсмите предвремени парламентари избори се одржаа на 27 април 2014 година. Тие се одржаа истовремено со вториот круг на редовите претседателски избори. Тие беа трети предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија.

Од вкупно 123 избрани пратеници, 120 се избираа според пропорционалниот модел во шест изборни единици. Останатите тројца пратеници се избираа според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа по еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

За овие избори беа поднесени и прифатени 14 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваа 51 партија. Од нив, девет настапија самостојно, а 42 во некоја од коалициите. Во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ зедоа учество 23 партии, речиси половина од вкупниот број партии кои учествуваа на овие избори.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од СДСМ ги оцени изборите за нерегуларни и одлучи да го бојкотира Собранието. На 19 јуни 2014 година Собранието ја изгласа новата влада, која повторно е коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на чие чело повторно застана Никола Груевски.

По 15-месечен бојкот на 1 септември 2015 година опозицијата предводена од СДСМ се врати во Собранието.

Деветтите предвремени парламентарни избори од независноста на Македонија се одржаа на 11 декември 2016 година.

За овие избори се примени пропорционален модел со затворени листи. Вкупно 120 пратеници се избираа во шест изборни единици, по 20 од секоја, при што мандатите се распределуваат според Донтовиот метод.

Промени во моделот имаше за гласањето на дијаспората. Бидејќи на претходните избори, тројцата пратеници од дијаспората се избираа со помалку гласови отколку пратениците во Републиката овој пат дијаспората наместо во три, гласаше во една (седма) изборна единица.

Според утврдените листи на кандидати за пратеници во изборните единици 1,2,3,4,5 и 6 беа предложени и утврдени 58 листи со вкупно 1.160 кандидати за избор на пратеници во Собранието, а во изборната единица 7 беа предложени и утврдени 4 листи со вкупно 12 кандидати за избор на пратеници во Собранието. На изборите учествуваа 5 коалиции, а самостојно учествуваа 6 партии. Во коалиција односно самостојно учествуваа вкупно 53 партии.

Мандатите на пратениците беа заверени на основачката седница на Собранието одржана на 30 декември 2016 година. На 9 јануари 2017. претседателот Ѓорге Иванов го додели мандатот за формирање влада на Никола Груевски, но Груевски не успеа во уставно предвидениот рок од 20 дена да состави влада.

Пријатели сме со петте соседи, целиот демократски свет ни е пријател, половина од нив веќе ја посетија Република Северна Македонија во изминатите две и пол години, дојдоа сите лидери, дојде и

Лидерот на СДСМ Зоран Заев успеа да оформи парламентарно мнозинство преку коалиција на СДСМ со ДУИ, Беса, и коалицијата Алијанса за Албанците, по што на 27 февруари достави 67 пратенички потписи до Иванов за добивање мандат. Талат Џафери беше избран за собраниски претседател на 27 април 2017 после 20 продолженија на конститутивната седница. По изборот на Џафери следуваше упад на демонстранти во зградата на Собранието, чиј исход беа и неколку претепани пратеници. Зоран Заев го доби мандатот за состав на влада од претседателот Иванов на 17 мај, по испорачаната изјава со гаранција за зачувување унитарноста на државата. На 31 мај беше изгласана новата македонска влада, 171 ден по завршувањето на изборите.

На 15 јули 2020 година се одржаа десеттите по ред парламентарни избори во Републикава. Ова беа петти предвремени парламентарни избори од независноста на државава. Право на глас имаа 1.814.263 полнолетни граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места.

Овие избори се издвојуваа од досега одржаните во земјата, бидејќи се организираа во состојба на пандемија со коронавирусот, гласањето за различни категории граѓани беше три дена, а изборниот ден траеше два часа повеќе од вообичаеното, од 7 до 21 часот.

На овие предвремени парламентарни избори 15 коалиции и партии се натпреваруваат за 120 места во македонскиот Парламент. Во Собранието влегоа 46 пратеници од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија, 15 пратеници од ДУИ, 12 пратеници од Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива,  2 пратеника од Левица и 1 пратеник од ДПА.

Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои никаква директна закана за безбедноста на Северна Македонија.

Владата ја формираше Зоран Заев, но по поразот на локалните избори во 2021 година, тој поднесе оставка од претседателската функција во СДСМ и од премиерската позиција, по што Димитар Ковачевски на 12 декември 2021 година победи на внатрепартиските избори во СДСМ, наследувајќи го Заев во партијата. Заев оставката од премиерската функција официјално ја поднесе на 22 декември, по што на 27 декември Централниот одбор на СДСМ, која што го предводеше мнозинството во Собранието, го потврди Ковачевски за мандатар, а претседателот Стево Пендаровски на 29 декември му го врачи мандатот за состав на нова влада на Ковачевски.

На 8 мај 2024 година се одржуваат вториот круг од седмите претседателските избори, истовремено со единаесеттите парламентарни избори во Северна Македонија.

Избирачите ќе може да гласаат со заокружување на еден од редните броеви пред седуманесетте листи на кандидатите за пратеници. Листи за кандидати за пратеници имаат Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ, Коалиција Храбро за Македонија предводена од ГРОМ, Коалиција Европски фронт на ДУИ, политичката партија Левица, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“, политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Единствена Македонија, Нова алтернатива Скопје, АВАЈА, Европско граѓанско движење, Македонска ера трета/Македонски независни листи – Суверенисти, Твоја партија, Родина Македонија, Десна, Демократи Скопје и Работничка партија. Земјата е поделена во шест изборни единици, а дел од коалициите и партиите имаат листи само за одредени изборни единици.

Во првиот круг од седмите претседателски избори, што се одржа на 24 април, учествуваа седуммина кандидати. Во трка за претседателската функција беа Стево Пендаровски, актуелен претседател на Северна Македонија, кандидат на владејачката СДСМ, Гордана Силјановска Давкова, пратеничка и професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кандидатка на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи, кандидат на владејачката ДУИ, Билјана Ванковска, професорка на Филиозофскиот факултет во Скопје, како кандидатка на партијата Левица, Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар, кандидат на опозициската коалиција на албанските партии „Вреди“, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, кандидат на новоформираната партија За наша Македонија (ЗНАМ) и Стевчо Јакимовски, градоначалник на скопската општина Карпош и претседател на ГРОМ.

Според резултатите од ДИК во првиот круг од претседателските избори Силјановска Давкова освои 324.177 гласови или 39,99 отсто, додека Пендаровски 161. 393 гласови односно 19,90 отсто од гласовите. Тие двајца денеска ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати. Вчера, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори. дма/са/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан