• среда, 25 декември 2024

Граѓаните на Србија досега доброволно предадоа 100.000 парчиња оружје

Граѓаните на Србија досега доброволно предадоа 100.000 парчиња оружје

Белград, 25 јуни 2023 (МИА) - Граѓаните на Србија до денеска предале 100.000 „цевки и минско експлозивни направи“ и четири милиони парчиња муниција, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Тој за ТВ Пинк изјави дека нема да има дополнително продолжување на времетраењето на акцијата за собирање оружје.

Акцијата за доброволно предавање на нерегистрираното оружје е покрената по двете масовни убиства, во белградското училиште „Владислав Рибникар“ и во селата околу Младеновац и Смедерево. Кампањата првично требаше да трае до 8 јуни, но српските власти ја продолжија акцијата во која граѓаните можат илегалното оружје и муниција да ѝ го предадат на полицијата без никакви последици. Најавено е дека по завршувањето на акцијата ќе следуваат репресивни мерки за оние што оружјето нема да го предадат своеволно. ссм/

фото: архива

Остани поврзан