• вторник, 22 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Граѓаните на Равена ќе го пречекаат кралот Чарлс, на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето од нацизмот

Граѓаните на Равена ќе го пречекаат кралот Чарлс, на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето од нацизмот

Равена, 10 април 2025 (МИА) - Италијанскиот град Равена се подготвува да ги пречека британскиот крал Чарлс и кралицата Камила, кои ќе му се придружат на италијанскиот претседател Серџо Матарела на одбележувањето 80-годишнината од ослободувањето на тој дел од Италија од нацизмот.

Во историскиот центар на градот, вклучувајќи ги Плоштадот на народот (Пјаца дел Пополо), плоштадот Сан Франческо и Гробот на Данте Алигиери, насобраните граѓани ќе ја пречекаат кралската двојка, носејќи италијански и британски знамиња, како и транспаренти со слики на кралот Чарлс и покојната кралица Елизабета Втора.

Кралот Чарлс и кралицата Камила ќе го посетат гробот на Данте, каде извадок од „Божествената комедија“ ќе прочита актерката Ермана Монтанари од Равена. рп/

Фото: АНСА

 

Остани поврзан