• вторник, 12 ноември 2024

Граѓаните да се охрабрат да бараат повеќе зелени површини, вели министерката Шукова

Граѓаните да се охрабрат да бараат повеќе зелени површини, вели министерката Шукова

Скопје 25 септември 2023 (МИА) - Министерството за екологија обезбедува средства и ги промовира политиките за повеќе зелени површини во секоја општина во државата и го охрабрувам секој граѓанин да не се откажува од барањата и потребите за нови зелени површини во средината во која што живее, порача министерката за животна средина и просоторно планирање, одговарајќи на новинарскопрашање околу поставување на законски обврски при изградба на нови градби и донесувањето на урбанистичките планови.

Шукова смета дека тоа е обрска на локланите самоуправи и оцени дека урбаните процеси споро се спроведуваат, од општина до општина.

Ulja e emetimeve të dioksid karbonit, dekarbonizimi do të rregullohet me ligj, ndërsa ekonomia është e gatshme ta zbatojë, këtë e përmendi ministrja e Ekonomisë, Kaja Shukova në konferencën m

- Некогаш многу комплексно се спроведуваат. Можеби и постапките за носење на урбанистичките планови ни се прекомплексни. Знаеме дека сакаме да ги опфативме сите сегменти, меѓутоа често долго траат. Планирањето, урбаното планирање треба да биде во корелација и со просторното планирање. Во моментот се прави и просторниот план на државата и тоа е долг процес. Можеби треба да размислиме малку да ги поедноставиме процесите за да побрзо ги правиме и просторните планови и урбаните планови во државата, рече Шукова.

Таа појасни дека како ресорно министерство може да дава препораки и државата во просторниот план да ги предвиди сите зелени површини, но и општините треба да одат кон позелена држава.

- И секој глас од граѓанинот, кога се носи урбан план треба да биде важен и треба да биде почитуван, особено во делот за зазеленувањето. Ние како Министерство обезбедуваме средства и секогаш ги промовираме политиките на тоа дека треба да има повеќе зелени површини во секоја општина во државата и ќе продолжиме во таа насока. Меѓутоа исто така го охрабрувам секој граѓанин, кога се носи урбанистички план, да не се откажува од барањата и потребите за нови зелени површини во средината во која што живее, рече Шукова. згм/аа/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан