• сабота, 09 ноември 2024

Гранатиран контролен пункт во руско село

Гранатиран контролен пункт во руско село
Москва, 29 април 2022 (МИА) - Контролен пункт во руско село што граничи со Украина денеска е гранатиран, изјави гувернерот на областа Курск, Роман Старовојт. Според Старовојт, минофрлачи погодиле контролен пункт во Крупец, во близина на украинскиот град Суми, во североисточниот дел од земјата, објави Би Би Си. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Старовојт додаде дека руските граничари и војската одговориле со одмазднички оган. бд/ми/

Остани поврзан