• среда, 20 ноември 2024

Гранатирано складиште за нафта во Луганск

Гранатирано складиште за нафта во Луганск
Луганск, 7 март 2022 (МИА) - Украинските безбедносни сили извршија ракетен напад врз складиште за нафта во Луганск. Ова го изјави Родион Мирошник, претставник на самопрогласената Народна Република Луганск. Како што јавија медиуми, инцидентот се случил во 06.55 часот, по локално време. Експлозијата јасно се слушнала во центарот на градот. Според очевидци, веднаш потоа избил пожар во складиштето. „Огнот се гледа оддалеку. Министерството за вонредни ситуации се обидува да го изгасне пожарот“, напиша Мирошник на Телеграм. бд/зш/

Остани поврзан