• сабота, 28 декември 2024

Град Скопје ќе ја рзагледа одлуката за реконструкција на влезот и пристапните улици во ГОБ „8 Септември“

Град Скопје ќе ја рзагледа одлуката за реконструкција на влезот и пристапните улици во ГОБ „8 Септември“
Скопје, 29 април 2021 (МИА) – На 70 седница на Советот на Град Скопје денеска, една од главните точки за која ќе се расправа е одлуката  за давање донација на ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје. Со одлуката се предлага Градот да даде донација што ќе се состои во реконструкција на влезот и пристапните улици во ургентниот центар на болницата, на површина од 2.400 квадратни метри, а проценетата вредност на донацијата изнесува 2.356.100 денари без ДДВ. - Оваа одлука е од исклучителна важност, бидејќи со истата се подобрува пристапноста до ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември” којашто уште од почетокот на пандемијата функционира како ковид-центар. За потсетување, минатата година, Градот Скопје изврши серија на реконструкции и изградби во Клиничкиот центар – Мајка Тереза, односно изгради посебен влез за возилата на итна медицинска помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се проширија влезовите кај Клиниката за стоматологија и на влезот на улица Белградска над Клиничкиот центар, а се реконструираа и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство, соопшти Град Скопје. Дополнително, од Град Скопје информираат дека во тек е и реконструкцијата на дел од улицата „Загрепска“ со што ќе се подобри пристапноста до Институтот за белодробни заболувања – Детската болница Козле, каде што функционира еден од ковид центрите во Скопје, а за што Град Скопје издвои десет милиони денари. На днешната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува и за повеќе одлуки за меѓуопштинска соработка. Со првата одлука се предвидува воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје, Општина Карпош и Општина Чаир за изработка на проектна документација за улица „Ц1“. Со оваа одлука се предвидува изработка на проектна документација за новата улица со која се предвидува продолжување на булеварот „Џон Кенеди“ на потегот од улица „Македонско-косовска бригада“ до булевар „Никола Карев“. Со оваа одлука од  Град Скопје информираат дека во остварувањето на меѓуопштинската соработка ќе учествува со финансиски средства во износ од 2.000.000 денари без ДДВ. - Со втората одлука се предвидува воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Ѓорче Петров за осветлување на неколку улици на територијата на општина Ѓорче Петров. Со истата се предвидува финансиско учество на Град Скопје во реализацијата на проект за осветлување на улиците „Шар Планина“ и „Лепенец“, за што Град Скопје ќе издвои средства во износ од 894.000 денари без ДДВ, се вели во соопштението Советот на Град Скопје на денешната седница ќе расправа и за извештаите за работата на Јавните установи на Град Скопје за минатата 2020 година, за Извештајот за работата на ЈП „Улици и патишта“ за 2020 година, како и за извештаите за работата на повеќе јавни претпријатија за првото тримесечје од 2021 година. ки/сп/

Остани поврзан