• сабота, 23 ноември 2024

Град Скопје ќе го проширува булеварот „Теодосиј Гологанов“

Град Скопје ќе го проширува булеварот „Теодосиј Гологанов“

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) – Со проектирање на ново сообраќајно решение, како дел од програмата „За модерно Скопје“, Град Скопје ќе го проширува булеварот „Теодосиј Гологанов“ од крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Тафталиџе, до улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и крстосницата со булеварот „Ѓорче Петров“ кај Порта Влае.

Како што информираат од Град Скопје, новиот урбанистички проект за линиска инфраструктура предвидува изработка на проект во сите фази, поточно сообраќаен проект, инсталации за јавно осветлување, водоводна, фекална и атмосферска канализација, со сите подземни и надземни инсталации.

- Со проширувањето и изградбата на булеварско решение со четири коловозни ленти и изградба на нов мост на реката Вардар, сообраќајниот метеж на оваа делница значително ќе се намали, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот, велат од Град Скопје. 

Дополнуваат дека како имплементација на проектите од програмата досега ја реализирале и изградбата на водоводна и канализациска мрежа и целосна реконструкција на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосницата со булевар „Св. Климент Охридски“ до кружниот тек кај Католичката црква. ар/ир

ФОТО/ Град Скопје

 

Остани поврзан