• четврток, 26 декември 2024

Град Скопје утре ќе објави јавни повици за субвенционирање за набавка на велосипеди и тротинети

Град Скопје утре ќе објави јавни повици за субвенционирање за набавка на велосипеди и тротинети
Скопје, 25 август 2022 (МИА) - Град Скопје соопшти дека утре на својата веб страница ќе објави два јавни повици за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Градот Скопје за купување велосипеди и електрични тротинети во 2022 година, на кои граѓаните ќе можат да аплицираат. Според соопштението, средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира за велосипеди се во износ од 50 отсто од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, додека за електричните тротинети средствата за субвенционирање се во износ од 30 проценти од вредноста на еден тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Подетални информации за правото на учество на јавните повици, условите коишто треба да ги исполни барателот, начинот на пријавување, на спроведување на повиците и начинот на остварување на правото на надоместок граѓаните ќе можат да добијат на веб страната на Град Скопје. Освен тоа, граѓаните од интернет страницата на Градот Скопје ќе можат да го симнат и образецот за Барање за субвенција за купување, како и образецот Изјава, која треба да се завери на нотар. Јавните повици ќе бидат објавени издвоено на веб страницата, а соодветната документација ќе можат да ја поднесат до архивата на Град Скопје. Повикот ќе трае до 1 ноември 2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв. сх/сп/

Остани поврзан