• четврток, 26 декември 2024

Град Скопје со нова паралелка на француски јазик во СУГС „Георги Димитров“

Град Скопје со нова паралелка на француски јазик во СУГС „Георги Димитров“

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, заедно со претставници од Францускиот културен центар, денеска ја промовираа новата паралелка што го изучува францускиот јазик во средното училиште на Град Скопје „Георги Димитров“, известуваат од Град Скопје. 

-Промоцијата е на Светскиот ден на храната, па во оваа пригода се промовираа штандови со здрава храна подготвена од учениците, кои покрај здравата храна подготвија и пригодна културно уметничка програма со настап на бендови пред гостите на промоцијата на паралелката на француски јазик, велат од Градот.

Оттаму исто така велат дека младите се во фокусот на програмата „За модерно Скопје“, како и во активностите за вклучување на средношколците во богатата културна програма на Скопје Европска престолнина на културата 2028. сх/са/

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан