• понеделник, 02 септември 2024

Град Скопје: Скопските градоначалници се обврзаа на системско решавање за отпадот

Град Скопје: Скопските градоначалници се обврзаа на системско решавање за отпадот
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) - Воспоставување заедничка акција за чистење кабаст отпад, која сите скопски општини би ја реализирале заедно со Град Скопје. Акцијата би се одвивала четири пати годишно, овој предлог произлезе од денешната втора седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како што соопштија градските власти, ги информираше градоначалниците за бројот на исчистени депонии во секоја од скопските општини, или за повеќе од 150 исчистени депонии. Изрази благодарност до градоначалниците кои учествуваа во ваквата акција на Градот, која, како што се наведува, ќе продолжи да се интензивира секаде каде ќе се увиди потребата од чистење, навремено ќе се интервенира и на барање на граѓаните. Градоначалничката Арсовска апелираше до градоначалниците да направат напори за дополнително детектирање на загадувачите и функционалност на инспекциските служби во насока на увид и чистење на депонии кои се наоѓаат на приватни имоти, како и одредување на дополнителни локации каде е потребна интервенција од страна на службите за чистење на смет и градежен шут. мд/са/

Остани поврзан