• четврток, 26 декември 2024

Град Скопје: Се одржа првиот хуманитарен базар за помош на Леонид Индов

Град Скопје: Се одржа првиот хуманитарен базар за помош на Леонид Индов

23 февруари 2024

Почитувани,


Денес на иницијатива на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска се одржа првиот хуманитарен базар во рамки на големата хуманитарна акција организирана во сите јавни претпријатија, установи и училишта под надлежност на град Скопје. 


Централниот хуманитарен настан денес се одржа во средното училиште на Град Скопје “Георги Димитров” со цел собирање средства за помош на Леонид Индов кој во моментов се наоѓа на болничко лекување во Виена, Австрија.


Од страна на учениците од сите скопски средни училишта на хуманитарниот базар се собраа средства од нивни рачни изработки на производи подготвени и со што младите во хумана акција се ангажираа да помогнат на Леонид. На хуманитраниот базар во училиштето “Георги Димитров” се одржа и хуманитарен концерт во кој ќе учествуваат четири училишни бенда.


Со огромна чест и задоволство можеме да констатираме дека хуманитарната акција се одвива успешно, а само во првите неколку часа е собрана значителна сума на средства која ќе му биде од огромна помош на Леонид.


Скопје и скопјани уште еднаш ја покажуваат својата хуманост, градот Скопје уште еднаш покажа дека ја заслужува титулата и дека со право го носи името на град на солидарноста.


Одделение за односи за јавност
Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

фото: МИА архива

Остани поврзан