• недела, 24 ноември 2024

Град Скопје: Се гради атмосферска канализација на булеварот Љубљанска

Град Скопје: Се гради атмосферска канализација на булеварот Љубљанска

Скопје, 7 септември 2024 -

И покрај сите блокади во Советот на Град Скопје, успеавме да инвестираме и реализираме голем број капитални проекти и со предвидената динамика ги спроведуваме проектите важни за подобрување на инфраструктурата во градот. Токму еден таков проект е изградбата на булеварот Љубљанска чија реализација продолжува со предвидената динамика. 

Во рамките на проектот за изградба на булеварско решение на Љубљанска, се изведува нова атмосферска мрежа со профил Ф400 со што се превенира преоптоварување и излевање по обилни дождови. Дополнително, со изградба на атмосферската канализација се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии во овој реон на нова атмосферска мрежа, со што дополнително ќе се подобри функционалноста на канализациониот систем.

Со изградбата на новото сообраќајно решение се олеснува движењето на граѓаните на Општина Карпош директно поврзувајќи ја населбата Карпош со улицата Скупи. Ваквото решение не само што ќе го скрати времето на патување туку и значително ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот. На овој потег истовремено покрај булеварското решение се гради и нова велосипедска и пешачка патека со соодветно партерно уредување.

Одделение за односи со јавност Град Скопје

Фото: Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан