• петок, 27 декември 2024

Град Скопје продолжува со акцијата за обезбедување оброци на граѓани од социјално ранливи категории

Град Скопје продолжува со акцијата за обезбедување оброци на граѓани од социјално ранливи категории

Скопје, 29 јануари 2022 (МИА) - Овој викенд продолжува акцијата со која се обезбедуваат оброци на граѓаните од социјално ранливите категории, од страна на Град Скопје во соработка со здружението „Љубезност“ и „Ретвитни оброк“.

Како што информираат од Град Скопје, денеска на акцијата присуствувал Филип Јаневски, советник во Совет на Град Скопје, кој заедно со волонтерите на „РеТвитни оброк“ и здружението „Љубезност“ поделиле оброци на бездомните лица.

-Средствата во висина од 32 илјади евра кои што поранешниот градоначалник ги предвидел за угостителски услуги, сега градоначалничката Арсовска ги пренамени за помош на граѓаните од социјално ранливи категории, се наведува во соопштението.свс/вј/

Остани поврзан