• сабота, 23 ноември 2024

Град Скопје: Пријава против НН лица поради обид за саботажа и уништување на јавен имот

Град Скопје: Пријава против НН лица поради обид за саботажа и уништување на јавен имот

Скопје, 19 мај 2023 (МИА) - Градот Скопје заедно со општина Карпош денеска поднеле пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на таканаречениот „Железнички Мост“ на булеварот „Васил Чакаларов“, во општина Карпош, во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли.

-Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои го политизираа и пожарот на мостот „Беласица“ со шпекулации и предизвикување на општа несигурност и паника кај граѓаните, заклучокот е загрижувачки, е наведува во соопштението од Град Скопје.

Оттаму со апел до сите институции да ги преземат сите неопходни мерки за да се спречи ваквата појава, како и до сите политички чинители да не поттикнуваат вакво однесување. дма/лв/

 

Фото:Град Скопје

 

Остани поврзан