• сабота, 16 ноември 2024

Град Скопје планира обнова на механизацијата на ЈП „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“

Град Скопје планира обнова на механизацијата на ЈП „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“
Скопје, 26 јануари 2020 (МИА) - На претстојната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува предлог одлуката за задолжување со заем од финансиска институција во висина од 150 милиони денари, за набавка на возила и опрема за јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Улици и патишта“. Согласно оваа одлука предвидено е заемот да се отплаќа во рок од пет години од склучувањето на договорот за заем, со средства од Буџетот на Град Скопје. Од прес-службата на Град Скопје соопштуваат дека потребата за набавка на нови возила и опрема се јавува поради зголемените активности при работењето на двете јавни претпријатија, како и застареноста и недоволните количини на возила и опрема со кои располагаат. - Точните количини и спецификации за видот и типот на возилата и опремата која ќе се набавува ќе бидат прецизно утврдени во фаза пред отпочнување на јавната набавка, но во консултација со јавните претпријатија утврдена е потреба за набавка на камиони со опрема за зимска служба, возила за превоз на лица и алат, машини за бележење на улици, приколки за превоз на машини, багери, камиони кипери со различни бруто тежини, камиони со дигалки, мултифункционални машини и слично, се вели во соопштението. Од таму информираат дека согласно податоците од јавните претпријатија дел од овие видови на возила со кои располагаат се стари повеќе децении, додека останатиот дел од предвидените возила и опрема за набавка се со целосно нови технологии и досега не биле набавени. - Возилата кои ќе се набават ќе овозможат огромни заштеди на основа на поретко сервисирање од причина што се работи за нови возила, како и заштеди на гориво, заштеди на средства кои досега биле исплаќани заради изнајмување на возила и машини кои биле неопходни за успешно и квалитетно вршење на редовните дневни обврски. Новите возила кои треба да се набават предвидено е да задоволуваат посовремени стандарди за заштита на животната средина од емисии на штетни издувни гасови, посочуваат од Град Скопје.фф/скс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан