• недела, 24 ноември 2024

Град Скопје: Не е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на Љубљанска

Град Скопје: Не е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на Љубљанска
Скопје, 3 август 2022(МИА) - Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на кејот кај изведба на мостот на „Љубљанска“ од страна на инвеститорот и изведувачот.-Сепак, треба да потенцираме дека во овој проект Град Скопје се појавува само како иден корисник, додека инвеститор на проектот е Владата, финансиер е ТАВ Македонија, а изведувач на проектот е ТАВ ТЕПЕ АФКЕН, а како подизведувач е ангажирана компанијата ГРАНИТ АД Скопје. Реализацијата на овој мост е дел од проектот на Владата за промена на намената на средствата од концесискиот договор со ТАВ Македонија, кои требаше да бидат искористени за карго аеродром во Штип и наместо тоа, се инвестираат во проекти од локално значење, велат од Град Скопје.Оттаму појаснуваат дека, согласно обврските од договорот, Градот Скопје, единствено претставува иден корисник на проектот, што всушност произлегува од законските надлежности за управување со улици во надлежност и во конкретниот случај, ниту се јавува како инвеститор, ниту како финансиер или изведувач.-Во конкретниот случај, Градот воопшто не беше консултиран за затворање на кејот и спортско рекреативната патека и тоа е сторено од страна на изведувачите, соопштуваат од Град Скопје.Од локалната власт истакнуваат дека техничките решенија мора првенствено да обезбедат безбедно и сигурно движење на кејот и Градот Скопје не смета дека е неопходно целосно затворање на тој потег на кејот.
-Сметаме дека, водејќи се од приоритетот за безбедноста на граѓаните, треба да се разгледаат повеќе технички издржани решенија од инвеститорот и изведувачот, со кои би се излегло во пресрет на барањата на граѓаните, нагласуваат од Градот.ир/лв/
 

Остани поврзан