• недела, 28 јули 2024

Град Скопје: Нема да се рушат објекти во СРЦ „Борис Трајковски“

Град Скопје: Нема да се рушат објекти во СРЦ „Борис Трајковски“
Скопје, 18 август 2021  Град Скопје ги демантира и отфрла наводите изнесени во денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, каде истите тврдат дека ќе се рушат дел од објектите во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на тоа место ќе се развива бетонска џунгла. Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за регулациски план, којшто е донесен одамна, а со истиот се предвидува пробивање на сервисна уличка за потребите на околните постоечки објекти. Истата е сервисна уличка, а не булевар како што манипулираат од ВМРО-ДПМНЕ, и истата може, но немора да биде изградена во иднина. Целосно сакаме да ги демантираме и изнесените лаги дека во овој дел од градот ќе се градат згради, како и дека се планира уривање на некој од постоечките објекти од СЦ „Борис Трајковски“. Град Скопје Ви стои на располагање за детални и навремени одговори во врска со сите прашања поврзани со градските активности. Со почит, Град Скопје ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан