• среда, 27 ноември 2024

Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот „Македонија“

Град Скопје и екипите на ЈП „Улици и патишта“ го санираат оштетениот плочник на плоштадот „Македонија“
Скопје, 30 март 2022 (МИА) - Градот Скопје во координација со екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве врши санација на оштетениот плочник, односно санација на ситната коцка, каде што имало дефект од водовод, како и прередување на мермерните плочи околу фонтаната на плоштадот Македонија. Од прес-службата на Град Скопје информираат дека продолжуваат и активностите за подготовка за асфалтирање на дел од пешачката и вело патеката, како и на ископот и поставувањето рабници на булеварот „Србија“. - Во Градски парк се врши санација и реконструкција на пешачки патеки и во тек е нивно асфалтирање. На булеварот „Гоце Делчев“ пред катната гаража Судска палата, екипите продолжуваат со следната фаза на реконструкција на тротоарот и во тек е асфалтирање на постојната патека, се наведува во соопштението на Град Скопје. Оттаму најавуваат дека во текот на наредните денови на крстосницата на булеварот „Киро Глигоров“ пред ФОН ќе се изведуваат градежни работи за поставување темели за семафори.фф/са/

Остани поврзан