• сабота, 28 декември 2024

Град Скопје до Владата: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

Град Скопје до Владата: Секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Градот Скопје вечерва ја поздрави одлуката на Владата со која, како што наведуваат, конечно се докажа дека секогаш е подобро политика да се води со разум, а не со инает и дека доколку јавниот интерес е на прво место можно е конструктивно да се делува во интерес на граѓаните.

- Потсетуваме дека Владата се уште има долг од 500 милиони денари кон ЈСП Скопје за студентскипт стандард и бесплатниот студентски превоз, со кои ќе се стабилизира во целост состојбата во претпријатието, се наведува во соопштението.

Дополнително, се повикува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ „да го следи позитивниот пример на Владата и разумно со грижа за интересот на граѓаните како приоритет, да ги донесе одлуките во Советот на град Скопје неопходни за подобрување на состојбите во јавниот превоз“. 

-Апелираме на следната седница конечно по повеќе од 2 години советниците да ги изгласаат точките за нови автобуси за ЈСП како и за отпочнување на реализација на проектот за БРТ каде се предвидени дополнителни 60 автобуси, адаптирано согласно ветувањата од програмата „За Модерно Скопје“. Важно е и советниците да завземат став за барањата на приватните превозници што како одлука единствено тие можат да ја донесат за во целост да се нормализира јавниот превоз, се посочува во соопштението од Одделението за односи со јавност на Градот Скопје. ев/

ФОТО: МИА Архива 

Остани поврзан