• четврток, 26 декември 2024

Град Скопје: Граѓаните да ги платат сметките за данок на имот за 2019 и 2020 година

Град Скопје: Граѓаните да ги платат сметките за данок на имот за 2019 и 2020 година
Скопје, 1 ноември 2022 (МИА) - Град Скопје апелира граѓаните да ги намират сите неплатени сметки по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година. Во спротивно, најавуваат од Градот, ќе пристапат кон реализација на решенијата за забрана на користење на средства поради неподмирени обврски по овој основ. -Со цел да не се создадат дополнителни трошоци за обврзниците кои не ги платиле своите обврски, во постапка за присилна наплата, како и да се избегнат непотребни оптоварувања кои ќе произлезат од блокадите во банките, потребно е сите со неплатени обврски по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 10.11.2022 година, се вели во соопштението од Градот Скопје. Оттаму ги известуваат сите физички и правни лица дека може да проверат дали се подмирени обврските по основ на данок на имот за 2019 и 2020 година со регистрирање на апликацијата за даноци на интернет порталот на Град Скопје (www.skopje.gov.mk). За сите прашања и информации сите физички и правни лица можат да се обратат до Сектор за даноци на имот и комунални такси на следните телефонски броеви 02/3297-296, 02/3207-546 и 072-204-434, како и на следните е-маил адреси: Anita.Nakov@skopje.gov.mk, NuredinNuredini@skopje.gov.mk, Gabriela.Spasova@skopje.gov.mk, Biljana.Manakoska@skopje.gov.mk и Ivan.Milovanovikj@skopje.gov.mk. сст/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан