• четврток, 26 декември 2024

Град Скопје: Санација на 36 мостови, надвозници и пешачки патеки

Град Скопје: Санација на 36 мостови, надвозници и пешачки патеки

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - Град Скопје информира дека, во соработка со Јавното претпријатие „Улици и патишта“, од почетокот на годината отпочна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки патеки.

- Дел од мостовите и надвозниците како повеќедецениски предизвик, и покрај потребата, не биле санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, тротоари и огради, со што значително ќе се придонесе за зголемување на безбедноста. Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување, велат од Град Скопје.

Од локалната самоуправа посочуваат дека досега се завршени градежните активности за санација на оштетените патеки на мостот „Обединети нации“ со што е реализирано барањето на пешаците и велосипедистите кои секојдневно го користат овој мост, со што се овозможува зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот.

- Во текот на градежните работи заменети се оштетените подни бетонски плочи со нови, реконструирани се патеките и санирана е заштитната ограда на мостот. Градежните работи на патеките, со должина од 90 метри и широчина од два метри, на терен ги изведоа екипите на ЈП „Улици и патишта“, соопштуваат од Градот. ир/ев/

 

Фото: Град Скопје

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан