• среда, 25 декември 2024

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ се единствени виновни за колапсот на јавниот превоз во Скопје

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ се единствени виновни за колапсот на јавниот превоз во Скопје

Скопје, 29 август 2024

Сметаме дека е од исклучителна важност граѓаните на градот Скопје да бидат информирани за исходот од денешната седница на Советот на град Скопје на која спротивно на јавните ветувања за решавање на предизвиците во градскиот јавен превоз, политичките партии одлучија да гласаат спротивно на потребите на скопјани.

Политиката на терање инает со скопјани, партиските интереси и циркузантскиот однос на дел од советниците ги оставија граѓаните на градот Скопје без нови автобуси и среден јавен превоз.

Советници кои не гласаа за набавка на нови автобуси се:

Трајко Славевски

Тони Бојковски

Луке Галески

Филип Јаневски

Даниела Костадинова

Мунира Куч

Анета Илиевска - Марковска

Лука Стефаноски

Анита Трајковска

Стево Кирков

Кадри Хаџи-Хамза

Жаклина Шопова

Страшо Ангеловски

Лејла Асани

Славче Јовановски

Василка Китановиќ

Петар Милетиќ

Рејхане Рамадани

Мирдита Салиу

Мартин Стојановски

Сите од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ кои го формираат мнозинството во Советот на градот Скопје.

Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека единствено одговорни за колапсот на јавниот превоз во главниот град е ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција кои сметаат дека со терање инает со граѓаните ќе добијат политички поени во пресрет на локалните избори.

Срамот е само на ВМРО-ДПМНЕ. 

ВМРО-ДПМНЕ е партија која смета дека граѓаните треба да чекаат по еден час на автобуска станица и на 40 степени и на минусни температури. ВМРО-ДПМНЕ е партија која е одвоена од реалноста.

Забеганоста оди до таму што ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција сметаат дека имаат право да им го загорчат животот на граѓаните за да добијат политички поени.

 

Одделение за односи со јавност при Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан