• среда, 25 декември 2024

Град Скопје: Активности за обнова на водоводната мрежа во населеното место Економија 

Град Скопје: Активности за обнова на водоводната мрежа во населеното место Економија 

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, со претставници од Секторот за планирање и уредување и скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ извршиле увид во градежните работи за реконструкција на водоводната мрежа во населеното место Економија, соопшти денеска прес-службата на Град Скопје. 

По барање на жителите на ова населено место, како што наведуваат, се реализира проект за водоводна мрежа, со Ф160 во должина од 640 метри за водоснабдување на улица „1635“.

-Со изведбата на водоводната мрежа на овој потег, се поставуваат и нови приклучоци со што се решава повеќедеценискиот проблем на жителите во водоснабдувањето поради застареноста на системот, а долгорочно се решаваат и досегашните проблеми за поправките на честите дефекти на водоводната мрежа и загубите на вода, информира Одделението за односи со јавност на Град Скопје.лв/

Соопштение од Град Скопје

фото: Град Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан