„Градски импресии“ на Елизабета Костова во КСП Центар Јадро
- Изложба на акварели на Елизабета Костова, со наслов „Градски импресии“, ќе биде отворена вечер во 20 часот во КСП Центар Јадро.
Скопје, 8 февруари 2024 (МИА) - Изложба на акварели на Елизабета Костова, со наслов „Градски импресии“, ќе биде отворена вечерва во 20 часот во КСП Центар Јадро.
Со „Градски импресии“, таа се преставува со триесетина акварели насликани последните две години, кои претставуваат нејзини импресии и впечатоци од градовите каде престојувала, ги посетила или живеела. Голема инспирација, ѝ се старите македонски градови, или делови од нив.
Костова е родена 1953 година во Скопје, каде завршила и основно и средно образование. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Љубљана, отсек психологија. бд/бак/
Фото: КСП Центар Јадро