• вторник, 24 декември 2024

Градоначалничката на Скопје учествуваше на Европскиот комитет на региони во Брисел

Градоначалничката на Скопје учествуваше на Европскиот комитет на региони во Брисел

Скопје, 14 март 2023 (МИА) – Глобалното женско лидерство, искуства и практики со цел надминување на предизвиците и поттикнувањето родова еднаквост во одлучувањето, беа во фокусот на панел дискусијата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, Евелин Регнер, потпретседателката на Европскиот парламент, Јута Урпилаинен, комесар на ЕУ за меѓународни партнерства и Васко Алвес Кордеиро, претседател на Европскиот комитет на регионите.

 Како што информираат од Град Скопје, панел дискусијата била во рамките на состанокот со Европскиот комитет на региони во Брисел што градоначалничката го имала при својата посета на Брисел.

 Европскиот комитет на регионите е ги претставува локалните власти низ ЕУ и гради нови политики и закони кои имаат влијание врз градовите и локалните власти низ Европа.

- Советот за женско претприемништво на Град Скопје како прва платформа од овој вид во Македонија, е препознаена како добра пракса и имплементирана во повеќе градови, при што годинава покрај учеството во градењето на политиките на локално ниво, како дел од предлозите на советот, за прв пат се одвојува буџет за финансиска поддршка на жените претприемачи со цел придонес за нивно економско зајакнување и финансиска независност, стои во соопштението од Град Скопје. ар/лв/

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан