• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалничката на Богота се извини за полициска бруталност

Градоначалничката на Богота се извини за полициска бруталност
Богота, 14 септември 2020 (МИА) – Градоначалничката на Богота, Клаудија Лопез, денеска им се извини на семејствата на загинатите демонстранти и повика на помирување, откако минатата недела во протести поради полициска бруталност беа убиени 10 цивили и стотици беа ранети. - Бараме простување за сите жртви на полициска бруталност. Од длабочината на душата бараме да се задоволи правдата затоа што знаеме дека и други вакви инциденти остануваат неказнети и не сакаме истото да се случи со овие жртви, рече таа на комеморацијата за жртвите. Протестите во Богота и околината почнаа поради смртта на Хавиер Оронес кого полицијата го застрела минатата среда. За време на протестот во средата, седум млади луѓе беа убиени откако полицијата во Богота употреби огнено оружје. Уште три лица беа убиени на протестите во четвртокот вечерта во Богота, како и уште три во Соача. Во судирите се повредени 200 полицајци, а уништени се 60 полициски станици, како и десетици возила за јавен превоз. јт/

Остани поврзан