• среда, 25 декември 2024

Градоначалничката Арсовска и Делегација од град Скопје одадоа почит по повод 80 години од депортацијата на македонските Евреи

Градоначалничката Арсовска и Делегација од град Скопје одадоа почит по повод 80 години од депортацијата на македонските Евреи

Скопје, 12 март 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсоска, со делегација од Град Скопје, денеска оддаде почит во сеќавање на 11-ти Март - годишнина на денот кога од страна на фашистичкиот окупатор 7144 македонски евреи се депортирани во логорот Треблинка.

-Поминати се 80 години од овој суров и трагичен ден на кој нашите сограѓани заминаа од своите домови, од каде никогаш повторно не се вратија. Градот Скопје одбележувајќи го овој датум изразува длабока почит на еврејскиот народ, со осуда на геноцидот, никогаш да не се повтори и да не се заборави една од најголемите трагедии на човештвото, стои во соопштението од Град Скопје. вг/

 

Фото: Град Скопје

 

Остани поврзан