Градоначалничката Арсовска во Тирана на првиот регионален форум на локални самоуправи за Западен Балкан
- Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во Тирана учествува на првиот регионален форум на локални самоуправи за Западен Балкан организиран од Советот за регионална соработка, Налас и градот Тирана.
Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, во Тирана учествува на првиот регионален форум на локални самоуправи за Западен Балкан организиран од Советот за регионална соработка, Налас и градот Тирана.
Во рамки на овој регионален форум, соопштија денеска од Градот Скопје, Арсовска заедно со градоначалници и заменици на главните градови Тирана, Подгорица, Приштина и Сараево разговарале за зелена трансформација на градовите во регионот, кои се предизвиците и можностите за нивно надминување.
- Град Скопје реализира конкретни мерки и чекори за успешно справување со предизвиците и постигнување одржлив развој на градот и зелена транзиција и тоа отпочнавме изградба на пњр нови мега паркови, ги трансформираме запуштените простори во паркови, отворивме прва биотехнолошка лабараторија со УНДП и УНИЦЕФ како едно од регионално најиновативните решенија за рециклажа и употреба на производи од био отпад, отпочнавме со проект прв од овој вид во Македонија за рециклажа и реупотреба на градежен отпад, во тек е двоен хакатон со AirCare и Brainster од кој ќе произлезе ИТ платформа за следење и пријавување на загадувањето на воздухот , воведуваме бесплатен јавен превоз за граѓаните од јануари 2024, предлог кој ќе се најде пред советниците за гласање со буџетот за следната година, истакнала градоначалничката на Град Скопје Арсовска, стои во соопштението.
Форумот за размена на искуства во регионот, се подвлекува во соопштението од Град Скопје, го означува почетокот на регионалниот дијалог меѓу локалните самоуправи од Западен Балкан, насочен кон имплементација на зелена агенда на локално ниво и е потврда на заложбите за регионалнта зелена транзиција. цр/аа/
Фото:Град Скопје