• среда, 27 ноември 2024

Градоначалниците од Полошкиот регион барaат поголем распуст или онлајн настава за да се заштеди на енергенсите за затоплување

Градоначалниците од Полошкиот регион барaат поголем распуст или онлајн настава за да се заштеди на енергенсите за затоплување

Тетово, 20 септември 2022 (МИА) - Градоначалниците од Полошкиот регион бараат од Министерството за образование и наука да има поголем распуст или онлајн настава за учениците со цел училиштата да немаат високи трошоци за затоплување на училниците и просториите.

За ова се разговараше на денешната седница на Советот за развој на Полошкиот плански регион, а идејата доаѓа од градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој пред неколку недели ја спомена можноста во изјава за медиумите.

-Бидејќи сметките за електрична енергија се повисоки од минатата година одлучивме како идеја да дадеме зимскиот распуст за децата да трае два месеци - декември и јануари или јануари и февруари, така децата потоа преку лето да имаат пократок распуст и учебната година да трае до 30 јуни и потоа да почнат на 15 август со новата учебна година. Или евентуално трите месеци декември, јануари и февруари да бидат онлајн. Ние сме горе-долу дигитализирани, имаме добри искуства во време на пандемијата и зошто сега повторно, во насока на заштеда на електирчна енергија, да не се одржи онлајн настава. Ќе треба поддршка од Министерството и ЗЕЛС, а нас не поддржуваат и други градоначалници, изјави Таравари.

На седницата на Советот на Полошки плански регион се дебатираше и за можноста за нов проект околу менаџирање со отпадот, како и регионалната соработка за справување со кучињата скитници. ас/мд/

Остани поврзан