• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Градоначалниците на четирите општини кои го делат Преспанскиот басен потпишаа меморандум за соработка

Градоначалниците на четирите општини кои го делат Преспанскиот басен потпишаа меморандум за соработка

Атина, 29 ноември 2024 (МИА) – Градоначалниците на Преспа, Пустец, Девол и Ресен, односно четирите општини кои го делат Преспанскиот басен, во присуство на евроамбасадорот Михалис Рокас, денеска потпишаа меморандум за разбирање и соработка, што воедно е и првиот чекор кон создавање на Европската група за територијална соработка, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната иницијатива ќе ја олесни и зајакне соработката на општините Преспа, Пустец, Девол и Ресен, со цел зачувување на животната средина и културното наследство, како и економски развој и благосостојба на жителите.

Церемонијата се одржа во Лемос, Грција, домаќин беше општина Преспа, а по потпишувањето следеше посета на локацијата каде што треба да се гради инфраструктурата за новиот граничен премин меѓу Грција и Северна Македонија. ср/аа/

Фото: Општина Преспа

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан