Градоначалникот Ѓорѓиевски на одбележувањето на патронатот на Богословското училиште „Св. Климент Охридски"
- На покана на поглаварот на МПЦ - Охридска Архиепископија г.г. Стефан, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски беше дел од одбележувањето на патронатот на Богословското училиште „Св. Климент Охридски" во Драчево.
7 декември 2024
На покана на поглаварот на МПЦ - Охридска Архиепископија г.г. Стефан, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера беше дел од одбележувањето на патронатот на Богословското училиште „Св. Климент Охридски" во Драчево.
- На покана на поглаварот на МПЦ - Охридска Архиепископија г.г. Стефан, имав чест да бидам дел од прославувањето на патрониот празник на Богословското училиште ,,Св. Климент Охридски". Воедно, ова е единственото училиште во Република Македонија и се наоѓа токму во Кисела Вода, односно во Драчево. Пред сѐ како верник, почестен сум што во нашата општина имаме расадник на кадри кои ја продолжуваат мисијата на Св. Климент, на Климентовата школа и на нас, на македонскиот народ ни ги пренесуваат вистинските духовни вредности на нашиот убав мајчин јазик. Сакам од срце да се заблагодарам за укажаната чест, а истовремено и да го честитам патронот на Македонската Богословија.
Нека ни е честит и вековит Св. Климент Охридски, да бидеме горди што токму на овие наши простори е основан првиот словенски универзитет и сите да дадеме свој придонес во зачувувањето и градењето на татковината во едно подобро место за живеење за сите нас.
Да бидеме добри луѓе, за добрини да ни се случуваат-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Општина Кисела Вода
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото: Општина Кисела вода