• петок, 27 декември 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор во посета на ООУ „Партенија Зографски” во Кисела Вода

Градоначалникот Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор во посета на ООУ „Партенија Зографски” во Кисела Вода

Скопје, 14 февруари 2023 (МИА) - Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор Војциех Тицињски, денеска го посетија ООУ „Партенија Зографски”, едно од училиштата за кои Полска донираше 17 интерактивни табли, со цел унапредување и осовременување на наставниот процес.

Од страна на полската Амбасада донирани се две интерактивни табли и една интерактивна табла од страна на Општината. 

Од Општината информираат дека градоначалникот Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор Војциех Тицињски досега реализирале неколку средби на кои размениле информации и заеднички ги разгледале сферите во кои е можна соработка.

- Убаво е кога се делат заеднички вредности, посебно кога тие се однесуваат на унапредување на квалитетот на образованието и за тоа сакам да искажам голема благодарност. Имено, после остварената донација од страна на полската Амбасада, и неколкуте претходни инвестиции на Општина Кисела Вода, бројот на дигитални табли низ сите основни училишта во Кисела Вода се искачи на 52, како и 92 смарт телевизори кои се користат во наставниот процес. Претходно Општина Кисела Вода обезбеди и компјутер за секој наставник и целосно го опреми кабинетот по информатика во ООУ „Круме Кепески”, изјави Ѓорѓиевски, кој на полскиот амбасадор му врачи благодарница.

Полскиот амбасадор изразил задоволство од досегашната соработка и најавил дека проектите од ваков тип ќе продолжат. цр/бак/

 

Остани поврзан