• среда, 08 јануари 2025

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвија оброци за социјално загрозени семејства за Божиќ

Градоначалникот Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвија оброци за социјално загрозени семејства за Божиќ

Скопје, 7 јануари 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски  заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Свети Спас“ подготвија оброк за социјално загрозени семејства. 

- За Божиќ, секое семејство заслужува богата трпеза, заслужува секој барем за миг и покрај сѐ, да знае дека не е сам и дека има некој кој мисли и на оние на кои ретко кој помислува. На тоа, нѐ учи нашата верба во Бог, истакнал Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, како што информираа од локалната самоуправа, со оваа акција голем број семејства ќе го почувствуваат празничниот дух и ќе го прослават Божиќ со насмевка.

- Ние се потрудивме денес да усреќиме голем број на семејства за кои судбината можеби не била на нивна страна. И ова е само капка во океанот од нашата мисија - да работиме на тоа да нема повеќе луѓе кои ќе имаат потреба од помош, туку да овозможиме нормални услови за живот, рекол Ѓорѓиевски. бак/

Фото: Општина Кисела Вода

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан