• четврток, 26 декември 2024

Градоначалникот Трајковски на увид во изградбата на нова улица продолжение на бул. „Македонија“ во Делчево

Градоначалникот Трајковски на увид во изградбата на нова улица продолжение на бул. „Македонија“ во Делчево

Делчево, 15 октомври 2024 (МИА) - Во Делчево се гради нова улица која ќе биде продолжение на дел од булевар „Македонија“. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој денеска изврши увид на работите информираше дека во моментот се работи на изведба на земјените работи.

- Деновиве започна да се работи на изградбата на  дел од улицата- булевар „Македонија“ зад административната зграда на Агенцијата за вработување во Делчево во должина од 168 метри. Во моментот се изведуваат земјени работи на теренот по што ќе следува асфалтирање на овој дел од улицата, информираше Трајковски.

Инвестицијата за изградба на овој проект е со средства обезбедени од Владата на РСМ

- Средствата се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и кофинансирање на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково, додаде Трајковски.

Очекува по завршувањето на изградбата на улицата да се подобри сообраќајната комуникација за жителите од населбата Милково Брдо со центарот на градот. вс/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан