• вторник, 12 ноември 2024

Градоначалникот Стојкоски се сретна со претставници на Македонскиот олимписки комитет

Градоначалникот Стојкоски се сретна со претставници на Македонскиот олимписки комитет

Скопје, 14 јуни 2024

МАКЕДОНСКИОТ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ ВО СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЌЕ ОВОЗМОЖИ ЕДУКАЦИСКИ ПРОГРАМИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ПО ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ И ПОДДРШКА НА СПОРТИСТИТЕ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

На мое големо задоволство, утринава во мојот кабинет гости беа претседателот на Македонскиот Олимписки Комитет Даниел Димевски и генералниот секретар Сашо Поповски, со кои се обврзавме на взаемна соработка во делот на едукацијата на наставниците по физичко образование, унапредувањето на можностите на спортските работници во општината, како и издигање на спортот на едно повисоко ниво, коешто ќе продуцира нови спортски подвизи и резултати, истакна Стојкоски.

 

Стојкоски додаде дека бвеше одржан и работен состанок со сите наставници по физичко образование на територијата на општина Ѓорче Петров на кој е разговарано за аномалиите и недостатоците во развојот на спортот, како и во формирањето на нови млади спортски величини, кои треба да се репрезент на општината и државата.

 

Реализиравме и обука на којашто присуствуваа наставниците и имаа можност преку разни искуства на Македонскиот Олимписки Комитет да дознаат повеќе околу тестирањето и скринингот на телесната конфигурација на спортистите, се со цел истите да бидат здрави во тренажните процеси и да бидат здрави млади луѓе кои ќе можат да го даваат својот максимум во спортот во кој се натпреваруваат, додава Стојкоски.

 

Општина Ѓорче Петров ќе иницира интензивна соработка на ова поле, се со цел младите перспективни спортисти од нашата општина да ги имаат сите услови за работа, односно да бидат под мониторинг на едуцирани и професионални кадри, коишто секојдневно ќе бидат посветени на развојот и напредокот на спортистите, истакна градоначалникот Стојкоски.

 

Младите и спортот се наш врвен императив, токму затоа ќе продолжиме во насока на афирмација и поддршка на спортот во Ѓорче Петров, завршува Стојкоски.

Општина Ѓорче Петров 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Ѓорче Петров 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан