• недела, 17 ноември 2024

Градоначалникот Стојкоски организираше прием за децата од ООУ „Мирче Ацев“ по повод Детската недела

Градоначалникот Стојкоски организираше прием за децата од ООУ „Мирче Ацев“ по повод Детската недела
Скопје, 4 октомври 2022 (МИА) - Децата се наша иднина и ќе направиме се за нивната среќа. Првата седмица  од месецот октомври е посветена на нашите најмили, децата за кои постоиме да има овозможиме среќно и безгрижно детство, истакна градоначалникот Александар Стојкоски на денешната непосредна средба со ученици од ООУ „Мирче Ацев“. „Детската недела“ ги промовира правата на децата кои треба да ги уживаат во нивниот раст, како и потребната заштита која треба да им биде обезбедена од страна на институциите за овозможување среќно и безгрижно детство. Стојкоски додаде дека децата, межудругото, се интересирале за неговите работните обврски, за детските игралишта. Децата имаат права и обврски, кои ни ги преставија низ неколку прекрасни интерпретации и песни кои ги подготвија со нивните учители. -За едни вакви поинакви средби сум секогаш подготвен а тие ми се најдраги. Им посакувам успешни училишни и безгрижни детски денови. Денес, како градоначалник на општината Ѓорче Петров, но и како родител сакам да упатам порака до вас. Времето поминувајте го во дружба, спортување и учење. Почитувајте ги најблиските, сакајте го семејството.  За вашите родители да бидат горди на вас, не треба многу да сторите. Треба да бидете добар пример за среќно детство. И во иднина, ќе вложуваме во нив, но и во нивното секојдневие, зошто тие се наше најголемо богатство, истакна Стојкоски. По повод „Детската недела“ градоначалникот Стојкоски ќе ги посети и дечињата од ООУ „Ѓорче Петров“. сст/      

Остани поврзан