• сабота, 23 ноември 2024

Градоначалникот Пекевски на средби со граѓаните во Берово

Градоначалникот Пекевски на средби со граѓаните во Берово
Берово, 3 април 2023 (МИА) - Во Берово започнаа најавените средби помеѓу градоначалникот Звонко Пекевски и граѓани од повеќе населени места, со цел утврдување на приоритетни проблеми и нивна реализација во периодот кој следи. 
Меѓу позначајните проблеми кои ги посочија граѓаните на првата одржана средба, како што истакна Пркевски се асфалтирање на улицата ,,Белградска", како и средување и одржување на голем број други улици.
-Заедно со тим на општината остваривме средби со граѓаните кои живеат на улиците „Страшо Пинџур”, „Кочо Рацин”,  „Дедо Иљо Малешевски” ,  „29 Ноември” и „Белградска” , со кои разговаравме за актуелните комунални проблеми и планови.  На граѓаните на улица „Белградска“ најавивме нејзино асфалтирање и договорено остранување на возилата и другата опрема која моментално се наоѓа по должина на улицата, истакна Пекевски.
За останатите улици како што додаде договорено е нивно средување и одржување. 
-Граѓаните ги презентираа своите проблеми, идеи и интереси и договорено планирање и решавање на голем дел од реалните проблеми. Целта е заедно да креираме поквалитетно живеење за сите граѓани на Општина Берово, додаде Пекевски 
Најави дека ваквите средби со граѓаните на лице место ќе продолжат, се со цел да бидат слушнати нивните потреби и проблеми како и планирање на нивно решавање и реализирање. вс/дма/
 
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан