• среда, 18 декември 2024

Градоначалникот на Чаир, Ганиу се сретна со министерот Нуредини

Градоначалникот на Чаир, Ганиу се сретна со министерот Нуредини
Скопје, 7 јуни 2021 (МИА) – Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска оствари средба со министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини. Како што информира Општина Чаир, средбата се одржала непосредно пред почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа на четири улици од населбата Серава во општина Чаир. Ганиу и Нуредини на средбата дискутирале за тековните проекти, но и за тие што очекуваат да бидат реализирани заедно со Министерството, што како што посочи градоначалникот се од големо значење за жителите на Чаир. Од Општината информираат дека градоначалникот Ганиу на средбата го информирал министерот Нуредини дека во рок од три до четири месеци во населбата Серава, каде живеат над 20 илјади жители, ќе се инвестираат 1,3 милиони евра за одржување на подземната инфраструктура. Тој го посочил и фактот дека реконструкцијата ќе биде реализирани во етапи, работејќи на повеќе патишта, истовремено водејќи сметка да не се попречува движењето на граѓаните. ки/дма/

Остани поврзан