• среда, 25 декември 2024

Градоначалникот на Харков тврди дека нападите врз градот се интензивирани

Градоначалникот на Харков тврди дека нападите врз градот се интензивирани
Харков, 13 април 2022 (МИА) – Руското бомбардирање на Харков, град во североисточна Украина, од вчера драстично се засили, изјави градоначалникот Игор Терехов. - Непријателот бомбардира куќи, станбени населби. За жал, има цивилни жртви. Најлошото е што гинат деца, изјави градоначалникот за националната телевизија. Харков е вториот по големина град во Украина каде се водеа интензивни борби од почетокот на руската инвазија. јт/

Остани поврзан