• недела, 28 јули 2024

Градоначалникот на Струмица најави санкции за вандалите и несовесните граѓани

Градоначалникот на Струмица најави санкции за вандалите и несовесните граѓани
Струмица, 30 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, најави санкции за вандалите кои ја уништуваат урбаната опрема и за несовесните граѓани кои фрлаат отпад каде ќе стигнат, откако зачестија ваквите случаи. Последниот случај на фрлање отпад на една од централните градски улици од синоќа го објави Костадинов и притоа напиша дека ќе направи се овие несовесни граѓани да бидат идентификувани и казнети. -Мојата цел не е да има казнувања, мојата цел е да имаме чиста Струмица, град во кој сите ние ќе се вложиме да ни биде убав, град во кој граѓаните ќе си го почитуваат колективното добро како свое лично. Мораме заедно да се вложиме во борбата со несовесните. Барам поддршка од сите граѓани во градот и од населените места во оваа наша заедничка борба за нашата Струмица, напиша Костадинов на својот профил на фејсбук. Пред десетина денови беа искршени клупи за седење во централното градско подрачје. Засега вандалите не се пронајдени, а за појавите на уништување на урбаната опрема расправаше и Локалниот Совет за превенција. рт/цр

Остани поврзан