• четврток, 26 декември 2024

Градоначалникот на Охрид на увид на градежни работи на улицата „Прилепска“ и во село Елшани

Градоначалникот на Охрид на увид на градежни работи на улицата „Прилепска“ и во село Елшани
Охрид, 15 ноември 2021 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска изврши обиколка на локации на улицата „Прилепска“ и во селото Елшани, каде се спроведуваат градежни активности. Во моментот се спроведуваат активности за изградба на потпорен ѕид долж улицата „Прилепска“, во самото коритото на реката Сушица, а дополнително се врши и чистење на речното корито. Според проектот предвидено е потпорниот ѕид да е во должина од 150 метри. Исто така, предвидено е реконструкција на оштетените делови од улицата „Прилепска“, односно гребење и поставување на нов асфалтен слој. На деловите каде оштетувањата се поголеми ќе се поставува нов тампон и асфалтен слој. Изведувач на активностите е АД „Илинден“, а вкупната сума предвидена за реализација на овој проект е 8,2 милиони денари. Во селото Елшани, пак, се одвиваат активности за чистење на корито од суводолицата на делови каде што при зголемени врнежи од дожд локалното население се соочуваше со проблеми.аб/фф/

Остани поврзан