• среда, 18 декември 2024

Градоначалникот на Македонска Каменица потпиша Декларација за поддршка на женското претприемништво

Градоначалникот на Македонска Каменица потпиша Декларација за поддршка на женското претприемништво
Македонска Каменица, 29 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, денеска ја потпиша Декларацијата за поддршка на женското претприемништво. Тој како главна причина за малиот број на жени претприемачи во општината ја посочи неинформираноста на граѓаните и смета дека треба да се работи на јакнење на свеста уште кај учениците од средно образование. -Сметам дека постои подготвеност и желба за поактивно вклучување во активностите на тема женско претприемништво од страна на сите заинтересирани. Во време кога општината работи на барање на инвестиции и отворање на нови бизниси, постои надеж дека барем дел од нив ќе бидат раководени од жени претприемачи, истакна Атанасовски. За општина Македонска Каменица од особена важност е зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво, со цел, креирање на политики, застапување и соработка со националните и локалните власти, како и формирање на локални клубови за женско претприемништво. вс/рп/

Остани поврзан