• четврток, 05 февруари 2026

Градоначалникот на Македонска Каменица организираше прием за кошаркарките од „Баскет Кам“

Градоначалникот на Македонска Каменица организираше прием за кошаркарките од „Баскет Кам“

Македонска Каменица, 24 мај 2025 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска организираше прием за кошаркарките на женскиот кошаркарски клуб „Баскет Кам“ кои го освоија шампионскоит пехар во Првата лига на Македонија. 

- Во изминатите пет години успеавте целосно да ја промените мапата на женската кошарка во Македонија. Благодарение на вас, денес Македонска Каменица е препознатлива како центар на македонската кошарка и наш пример за спортска гордост и радост на градот, истакнал Атанасовски.

Посочил дека овие врвни резултати претставуваат дополнителен мотив за продолжување на поддршката од Општината за сите спортски клубови од оваа општина.

Во финалето, кое се играше на три добиени нагпревари, женскиот тим од Македонска Каменица беше подобар од екипата на ЖКК Крива Паланка. вс/бак/


Фото: Општина Македонска Каменица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан