Градоначалникот на Куманово Димитриевски и претседателот на Управниот суд, Сејдини потпишаа Меморандум за соработка за дигитално поврзување
- Општина Куманово и Управниот суд дигитално ќе се поврзат, соопшти денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, кој со претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, денеска потпишаа Меморандум за соработка за дигитално поврзување помеѓу Вишиот и Управниот суд со јавните органи, преку софтверската платформа ЕПУС.
Куманово, 10 февруари 2026 (МИА) - Општина Куманово и Управниот суд дигитално ќе се поврзат, соопшти денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, кој со претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини, денеска потпишаа Меморандум за соработка за дигитално поврзување помеѓу Вишиот и Управниот суд со јавните органи, преку софтверската платформа ЕПУС.
- Целта на овој Меморандум е ефикасно и економично постапување во управно – судските постапки, преку создавање услови за навремена размена на акти и списи, поедноставување и забрзување на постапките, зајакнување на правната сигурност и транспарентноста, како и намалување на трошоците и воспоставување на ефективен систем за двонасочна комуникација, објави Димитриевски.
Согласно со законските прописи, соработката меѓу двете страни ќе опфаќа активности на размена на податоци во двете насоки, преку софтверската платформа, која ќе кореспондира со постојниот CMS на Судот и постоечкото техничко решение на јавниот орган, во зависност од техничката подготвеност на страните потписници на Меморандумот.

Претходно вработени од општината присуствуваа на обуката, организирана од Одделение за информатика при Управниот суд, со што Општина Куманово официјално стана корисник на софтверската платформа ЕПУС. ам/лв/
Фото: Општина Куманово